FacebookTwitterYouTubeDailymotionScribdCalameo
SlideshareIssuuPinterestWhatsAppInstagramTelegram
Chat About Islam Now
Choose your country & click on the link of your language.
Find nearby Islamic centers & GPS location on the map.

Our Islamic Library contains:
Islamic TVs channels LIVE
Islamic Radios LIVE
Multimedia ( Videos )
Multimedia ( Audios )
Listen to Quran
Articles
Morality in Islam
Islam Q & A
Misconceptions
Interactive files & QR codes
The Noble Qur'an
Understanding Islam
Comparative Religions
Islamic topics
Women in Islam
Prophet Muhammad (PBUH)
Qur'an and Modern Science
Children
Answering Atheism
Islamic CDs
Islamic DVDs
Presentations and flashes
Friend sites

Articles' sections



Author:


Go on with your language:
qrcode

Како ги обавуваа молитвите овие Божји пророци: Муса (Мојсеј), Иса (Исус) и Мухамед (Божјата мир да биде брз нив)?

Viewed:
1443

Како ги обавуваа молитвите овие Божји пророци: Муса (Мојсеј), Иса (Исус) и Мухамед (Божјата мир да биде брз нив)?

Еднаш Шејх Ахмед Деедат, големиот исламски научник, бил за посета во градот Џедда во Саудиска Арабија, и ни раскажа еден случај што му се случило од своите искуства во животот.

Тој ни кажа како еднаш со една група христијани и евреи биле за посета на некоја џамија во Дурбан во Јужна Африка. Кога тие влегле во џамијата, Деедат не само што ги соблекол чевлите туку и побарал од групата да го следат него, така што сите ги соблекле чевлите.

Потоа Деедат ја прашал групата ако би знаеле нешто во врска со причината зошто ги соблекле чевлите. Тие му одговориле: `Не.` Деедат почнал да им објасни, кога Муса (Мојсеј) бил во планината Синај, Бог му се обратил со овие зборови:

``Не приближувај се наваму! - рече. - Собуј ги обувките од нозете! Зашто местото на кое стоиш е света земја.`` (Излез, 3:5)

Додека оние од групата си седеле во клупата и си разгледувале, Деедат им се извинил за да презема абдест (очистување пред да се влезе во молитва). Потоа, тој пак се вратил кај групата и им објаснил: `Ова не само што е многу хигиенско, поради тоа што се презема пет пати на ден, но истотака има основа на значајни историски извори. Потоа наведе овој цитат:

``Мојсеј, Арон и неговите синови ги мијеа своите раце и своите нозе од него. А ги миеја кога влегуваа во Шаторот на средбата и кога пристапуваа кон жртвеникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.`` (Излез, 40:31-32)

По задолжителните молитви (намази), повторно Деедат се вратил кај групата, кои ги нашол зафатени во набљудување на другите муслимани како ја обавуваат нивната незадолжителна молитва. Тој им објаснил разните движења на молитвата (намазот), а најинтересно било спуштењето и допирањето на челото во земјата (сеџдето). Покажувајќи им за сеџдето, Деедат рекол дека овој е начинот како ги обавувале молитвите сите пророци. Тој ја потвдил веродостојноста на тоа што искажал пред нив со овие цитати: 

 

``Аврам падна ничкум додека Господ му зборуваше уште...`` (Битие, 17:3)

``Авраам падна ничкум и се насмеа и рече во себеси: „Зар може да му се роди дете на оној, кој има сто години? Зар Сбра ќе раѓа во деведесеттата година?”`` (Битие, 17:17)

``Мојсеј и Арон отидоа од народот кон влезот во Шаторот на средбата и паднаа на своите лица. Господовата слава им се јави тогаш.`` (Броеви, 20:6)

``... Тогаш Исус падна ничкум, му се поклони...`` (Исус Навин, 5:14)

``И отиде малку потаму и падна на Своето лице и се помоли...`` (Матеј, 26:39)

Деедат им рекол на луѓето од групата дека ги знаат добро начините за молење и обожавање на христијаните и евреите, а сега веќе јасно виделе како и муслиманите се молаат и го обожаваат Бога.

Деедат љубезно ја прашал групата: `Кој е начинот на молење и обожавање поблизу до исправното христијанско? Групата христијани и евреи едногласно одговориле: ``Секако дека исламскиот начин за молитва (намаз) е поблизу до исправното христијанско во однос на другите.``

Многу христијани кои го примиле Исламот сведочеле дека сега се подобри и поисправни `христијани`. Зборот `христијанин` едноставно значи `следбеник на Христос`. Тогаш како тврдат овие луѓе, кои веќе се муслимани во исповедање, дека се поблиски следбеници на Исус?

Ајде да размислуваме логично за сето ова истражувајќи околу она што вели Библија за Исус. На пример, ако читаме евангелијата, ќе видиме дека Исус ја обавувал молитвата со лицето на земја, се поздравувал со неговите другари верници со изрази што значат `мир` и постел долго во некои одредени времиња.

Навистина, многу поранешни христијани признаваат дека биле муслимани во секоја смисла на зборот пред да ја откриваат тврдењето за нивното природно верување во рамките на текстот од Светиот Кур`ан, кои му е објавен на последниот пророк Мухамед (Божја мир да биде врз него).

 

``О верници, паѓајте на руку`, а паѓајте и на сеџде и обожавајте Го Господарот ваш; и правете добро... за да бидете спасени!`` (Кур`ан, 22:77)

Видите како човешкото располагање за монотеизам е нераздвојно. Денес некои луѓе кои тврдат дека го следат патот на Иса (Исус), на Ибрахим (Авраам) и Муса (Мојсеј) - Божја мир да биде врз нив, тие заблудно се отклонети од овој пат. А што се однесува до случајот на христијанството, луѓето погрешно создале една целосна вера во име на пророкот Исус и на тој начин се појавија некои верување кон Исус за кои никогаш нема тврдено дека се навистина така.

И сега искрено запрашете го себеси: `Кој денес го следи вистинскиот пример на Исус?` Како што знаете дека муслиманите вршат молитва понизно, допирајќи им челото на земја намалку пет пати на ден.

Муслиманите ја следат верата на Исус; вера за која тој зборувал и која ја практикувал. Всушност, муслиманите му се молат и го обожаваат истиот Бог кој што Исус му се молил и го обожавал; истиот Бог на Ибрахим (Авраам), Муса (Мојсеј), и Мухамед - Божја мир да биде врз нив. Исто така, муслиманите секогаш се поздравуваат едни со други со фразата `Мир да биде врз тебе`. Уште друго нешто да додадеме дека Исус постел 40 дена во пустина, така што и муслиманите постат цел еден месец во текот не месецот Рамазан.

И накрај не останува ништо освен да му се покориме и да му се молиме на Бога исто како што чинеле сите овие пророци, и сте добродојдени во секое време да го посетите нашиот вебсајт и да преземете книгата `Обавување на молитва (намаз)`.

www.islamic-invitation.com

prophets-pray_macd.pdf (islamic-invitation.com)

 
All copyrights©2006 Islamic-Invitation.com
See the Copyrights Fatwa