FacebookTwitterYouTubeDailymotionScribdCalameo
SlideshareIssuuPinterestWhatsAppInstagramTelegram
Chat About Islam Now
Choose your country & click on the link of your language.
Find nearby Islamic centers & GPS location on the map.

Our Islamic Library contains:
Islamic TVs channels LIVE
Islamic Radios LIVE
Multimedia ( Videos )
Multimedia ( Audios )
Listen to Quran
Articles
Morality in Islam
Islam Q & A
Misconceptions
Interactive files & QR codes
The Noble Qur'an
Understanding Islam
Comparative Religions
Islamic topics
Women in Islam
Prophet Muhammad (PBUH)
Qur'an and Modern Science
Children
Answering Atheism
Islamic CDs
Islamic DVDs
Presentations and flashes
Friend sites

Articles' sections



Author:


Go on with your language:
qrcode

Дијалог помеѓу професорот атеист и студентот муслиман
д-р Манеа Х. Ал-Хазми

Viewed:
1208

Дијалог помеѓу професорот атеист и

студентот муслиман

 

Следниот текст е одземан од преводот на книгата "Who is the monkey?" (Кој е мајмунот?), со која се потврдува вистината на муслиманското верување за потеклото на човекот. Овој прирачник е основа и неопходен за сите оние кои сакаат да го разберат концептот за потеклото на човечкиот живот во Ислам. Истотака за ова имат потреба сите студенти.

Следното сценарио се случува во еден образовен институт.

 

[П–професорот, С–првиот студент, СС–вториот студент]                

П: "Дозволете ми да објаснам проблемот на науката со Бога..."

 

Атеистот, професор по филозофија, застанува пред неговата училница и му побарал да стане еден од неговите нови студенти.

 

П: "Ти си муслиман, нели синко?"

 

С: "Да, господине."

 

П: "Значи, ти веруваш во Бог."

 

С: "Абсолутно, да!"

 

П: "Дали е Бог добар?"

 

С: "Да, секако! Бог е добар!"

 

П: "Дали е Бог Семоќен? Дали може Бог да стори сешто?"

 

С: "Да."

 

Професорот се насмее иронично и за миг си размисли.

 

П: "Еве за тебе да видиш нешто: Да речеме дека постои еден болен човек овде покрај нас и вие можете да го излечите. Можете да го сторите тоа. Дали би се обиделе да му помогнете?"

 

С: "Да, господине. Сигурно би го сторил тоа."

 

П: "Значи, ти си добар...!"

 

С: "Јас не би го рекол тоа."

 

П: "Зошто не би го рекло тоа? Ти би му помагал на еден болен и осакатен човек да би имал можност... Всушност, повеќето од нас би го сториле тоа да би имале можност... А Бог не би го сторил тоа."

 

С: [Нема одговор.]

 

П: "Тој не би го сторило, нели? Мојот брат беше муслиман, почина од рак, иако што тој Му се молеше на Бога да го оздрави, да се исцели. Како е овој Бог добар? Хмм? Можеш ли да ми одговориш на ова?"

 

С: [Нема одговор.]

 

Стариот професор се однесува милосрдно со студентот. П: "Не, не можеш, зарем можеш?"

Професорот се напиј една голтка вода од чашата, која беше ставена на масата за да му даде на студентот време да се релаксира. Во филозофија, треба да дејствуваш лесно и мирно кога се соочуваш со некој младите.

 

П: "Ајде пак да започнеме, младичу. Дали е Бог добар?"

 

С: "Да."

 

П: "Дали е Сатана добар?"

 

С: "Не."

 

П: "Од каде доаѓа Сатана?"

 

Студентот се двоуми. С: "Од...Бога..."

 

П: "Точно така. Бог го створи Сатана, нели?"

 

Стариот професор ги поминува своите прсти преку танчената коса и се врти задоволен кон публиката од студенти. П: "Мислам дека ќе поминеме многу забавно овој семестар, дами и господа."

 

Му се обрати на студентот муслиман. П: "Кажи ми, синко. Дали постои злото во овој свет?"

 

С: "Да, господине."

 

П: "Злото е насекаде, нели? Дали Господ створи сешто постои?

 

С: "Да."

 

П: "Кој го створи злото?"

 

С: [Нема одговор.]

 

П: "Дали постои болест во овој свет? Бесмртност? Омраза? Грдост? Сите ужасни работи – дали постојат на овој свет?"

 

Студентот од маката, ги мрдна и ги витка нозете. С: "Да."

 

П: "Кој ги створи тие?"

 

С: [Нема одговор.]

 

Професорот одеднаш му извикува на студентот. П: "Кој ги створи тие? Кажи ми, те молам!"

 

Професорот му се приближува за да се крева пред лицето на студентот се докрај за да го собори во дијалог. Тој му зборува со кршен и смртев глас. П: "Бог створил сите зла, нели синко?"

 

С: [Нема одговор.]

 

Студентот се обиде да ја одржи упорноста на професорот, искусниот поглед, но не успева. Одеднаш, предавачот (професор)  побегнува и си прооди и кружи испред училницата како некој стар самоуверен пантер.

Целата училница се маѓепсани. П: "Кажи ми ..."- продолжува тој, "Како е можно овој Бог да е добар, ако Он го стварил сето зло низ сите времиња?"

 

Професорот ги крцка своите раце со тоа што ги врти наоколу за да опфати злото и опачноста во целиот свет.

 

П: "Целата омраза, бруталноста, болката, сите видови тортури, сите непотребно смртни случаи и грдоста, и сите страдања низ целиот свет се створени од овој добриот Бог – дали е така, младо момче?"

 

С: [Нема одговор.]

 

П: "Зарем не гледаш сето тоа секаде по светот? Хе?" Професорот запира за миг. "Нели е така?"

 

Професорот се приклонува повторно кон лицето на студентот и му шепнува, П: "Дали е Бог добар?"

 

С: [Нема одговор.]

 

П: "Дали веруваш во Бог, синко?"

 

Својот глас го заведува и измамува студентот, и со скршен глас мрмори. С: "Да, професоре. Верувам."

 

Стариот професор тажно ја ниша главата. П: "Науката вели дека имаш пет сетила кои ги користиш за да идентификуваш и да го набљудуваш светот околу себе. Никогаш не си го видел Бога, нели?"

 

С: "Не, господине. Никогаш не сум Го видел Бога."

 

П: "Тогаш кажи ни ако некогаш си го слушнал твојот Бог?"

 

С: "Не, господине. Не сум го слушнал."

 

П: "Дали некогаш си го почувствувал твојот Бог, или си го вкусил твојот Бог, или да чуствуваш мирис од твојот Бог? Всушност, дали имаш било каква сетилна перцепција кон твојот Бог, што и да било?"

 

С: [Нема одговор.]

 

П: "Одговори ми, те молам."

 

С: "Не, господине. Се плашам, не се случило."

 

П: "Се плашиш ... зарем не се случило тоа?"

 

С: "Не, господине."

 

П: "Сепак, ти се уште веруваш во Него?"

 

С: "Да..."

 

П: "Тоа ти е ВЕРА!" Професорот се насмевнува со мудро кое се гледа во неговото лице, од радоста што дојде до таков заклучок во разговорот. П: "Според правилата на емпиричкиот, испитувачкиот, и доказливиот протокол, науката вели дека твојот Бог не постои. Што велиш ти за тоа, синко? Каде е твојот Бог сега?"

 

С: [Студентот не одговара.]

 

П: "Седни, те молам!"

 

[Муслиманот седнува, заплашен од очигледниот пораз. Сепак, помошта на Аллах е при раката на верникот и победата е неизбежна и неминовна.]

 

Друг муслиман, кој има облечено верска капа, има брада и лесно се идентификува дека е муслиман од неговата облека, ја крева раката. СС: "Професоре, може ли јас да се обратам (со одговори) на студентите?"

 

Професорот се врти и се насмевнува. П: "Ах! Друг муслиман во авангардата. Фундаменталист, како што гледам. Ајде, ајде, младо момче! Кажи некои соодветни мудрости за овој собир!"

 

Муслиманот го игнорира сарказмот во тонот на професорот. Тој гледа низ училницата, чека за потполно внимание на студентите кон него и се свртува кон професорот.

 

СС: "Господине, сте дале некои интересни точки. Со ваша дозвола, господине, би сакал да го третирам секоја точка поединечно, една по една. Ова тема мора да се зафати со пристап кон решавање на оние точки, логично и научно, а не емотивно. Првата точка е твојата основна доктрина дека Бог не постои. Па затоа и Универзумот започна со докрината за случајот на `Биг Бенг` (Големата експлозија) и низ еден процес на еволуција, човекот конечно дојде во постоење. Зарем не е тоа твоето верување, професоре?"

 

П: "Синко, тоа се подразбира без да се каже. Има доволно научни докази за тоа. Што сакаш да кажеш со тоа?"

 

СС: "Да не забрзаниме. Ајде да користиме логика, разум и соодветен научен аргумент. Како воведен збор, сакам да истакнам дека јас го користам свесно зборот `доктрина`, затоа што свештениците и викарите на псевдо-науката, всушност го промовираат атеизмот како религија. Имам едно прашање за вас, професор. Имаме во овој свет милиони врз милиони огномет, муниција и бомби. Дали сте слушнале некогаш, случајно да се активира некои од овие експлозивни средства одеднаш спонтано, или не би го прифатил тоа; и покрај тоа што состојките можно е да се во контејнер, а пак тогаш мора да постои детонирачки механизам за да активира и предизвикува експлозии, зарем не е така? Два фактори треба да бидат присутни: како прво, да има соодветни состојки во исправна количина во соодветна средина, и како второ, некој да ја отпочна и активира експлозијата без разлика дали тоа ќе биде со помош на една чкорка кибрит, или чкрапалото на пиштолот, или некои електрична енергија со фрлање на искри. На пример, ако некој вели дека имал бомба во раката и само што ја оставил одеднаш сама се активирала и убила некого кој што седил во близина, дали некој научник би го прифатил таквата смешна изјава?"

 

П: "Секако дека нема да го прифати. Не разбирам, што се обидуваш да кажеш?"

 

СС: "Тогаш секако ако сакате да веруваме во `Биг Бенг`, таа голема експлозија која се случила случајно сама од себе, без да има некој таму за `да го повлече чкрапалото` или да ја запали чкорката` или `да разфрла електрични искри`; тогаш објасни ни како помалите експлозии низ целиот свет не се случуваат без некое надворешно делување? Секое научно тврдење треба да биде репродукционен, која има можност да постигне научни заклучоци и да се тотално прифатливи."

 

Се отвара устата на професорот, но не изледува ниту еден збор.

 

СС: "Исто така, знаеме дека научно е невозможно за материјата да се создаде сама себе. Земете ова дрвена маса. Не е дојдена во постоење сама од себе. Некои надворешни дејствија беа фактори за да се направи тоа. Дури и дрвото не дојдено во постоење само од себе. Тоа доаѓа од зрно семе кое било засадено в земја и нахрането од неа. Самото семе дошло од некој извор и не може да доаѓа во постоење само од себе. Можете ли да ни објасните како дошла во постоење почетната материја - материја за која претензијата на свештениците, викарите на псевдо-науката била распалена од страна на мистериозниот настан `Биг Бенг` за да се произведе првата жива материја? Исто така, зошто вашите свештеници, викари не се во можност да го репродуцират овој феномен во лабораторија? Професоре, мора да знаете дека секој научен аргумент мора да биде репродукционен, за да се постигне научна доверба."

 

П: "Синко, тоа е наивно да мислиш дека можеме да сториме такво нешто. Енергијата која била испуштена со големата експлозија `Биг Бенг` била на таков степен што ние немаме можност за приоѓаме и пристапиме до тоа, а во спротивно ние исто така би можеле да го репродуцираме истиот феномен."

 

СС: "Професоре, не сте ни кажале кој ги создаде основните состојки, и не сте во можност да ни кажете кој бил оној кој притисна на копче или го повлече чкрапалото или ја запали чкорката за да се случи експлозијата `Биг Бенг`. Од каде потекнува сето ова огромна енергија, за која вие зборувате? Ајде, ајде, професоре! Ајде да бидеме научно насочени во врска со тоа. Да, професоре, навистина е основа на длабоко верување во доктринските учења на свештениците викари на псевдо-науката за да се верува во `Биг Бенг`. Дали очекувате од нас да ги отфрлиме соодветните научни принципи и да веруваме во сето ова хокус-покус жонглирана и слепа вера во однос на дефинитивните научни принципи?"

 

П: [Нема одговор.]

 

СС: "Ако не ви пречи, професоре, сега ќе продолжам да зборувам во врска со доктрината на еволуцијата која е разгласана од страна на свештениците викари на псевдо-науката. Вие сте свесни за фактот дека нема фосили кои го покажуваат која директно ќе го поврзува потеклото на човекот од приматите мајмуни и дека има постојана потрага за она што се нарекува `Алка која недостасува`?"

 

П: "Да, но има толку многу други докази ..."

 

СС: "Извинете што ве прекинав, професоре. Вие признавате  дека не постои никаква директна врска. Исто така, мора да признаете дека не постојат фосили кои покажуваат одредени посреднички чекори во преминувањето од приматот до човекот. И сигурен сум дека вие сте исто така свесни за случајот на фалсификување во Piltdown, професоре?"

 

П: "Piltdown ...? Piltdown ...?"

 

СС: "Дозволете ми да ви ја освежам вашата меморија, професоре. Некои фосили биле откриени во местото наречено Piltdown во Англија. Овие фосилни остатоци покажаа сите карактеристики за кои беа во потрага сите свештеници викари на псевдо-наукате и атеизмот во потрага на така наречената `Алка која недостасува` во синџирот на еволуцијата. Целиот свет бил приведен да верува во тоа, па дури и скептиците биле убедени - се додека не било откриено околу четириесет години подоцна, дека некој од здружението на научничките свештеници ги `фалсификувал` фосилите за да им се чини дека се работи за алката која недостасува . Тоа била голема лага, масивен фалсификат затоа што вашите свештеници вршеле фалсификување за да се обидат и да го убедат светот дека религијата на атеизмот била вистина и дека човекот имал потекло од приматите! Ако сакате повеќе осветлување околу деталите за овој масивен фалсификат можете да прочитате делата на професор Тобијас од Јужна Африка."

 

Лицето на професорот стана пребледено. Сеуште нема коментар.

 

СС: "Зборувајќи во врска со фалсификатите - професоре, дали знаете што е `плагијат`? Можете ли да им објасните на присутните во училницата што е тоа `плагијат`?"

 

Прилично неодлучно, професорот зборува. П: "Плагијат е кога  некој зема нечие туѓо авторско дело и да го присвојува тоа."

 

СС: "Точно. Ви благодарам, професоре. Ако вие го преземавте ова тема со малку почесно и повистинско истражување ќе најдовте дека западните народи ги претвориле во плагирани дела (плагијати) сите вистински научни дела на муслиманите и потоа изграделе врз нив и накрај ги претставуваа како нивни `откритија`, што довело до современиот прогрес на науките. Вие не треба да го земате во предвид мојот збор како таков. Само напишете порака до 'Centre for Studies on Science' – (Центарот за студии во науката), на адреса: Ал-Химера, Муззаммил Манзил, Додхур, Алигарх, Индија, и тие со задоволство ќе ви испратат целата релевантна литература за докажување на оваа точка."

 

Веднаш присутните студенти покажа потполно внимателност кон зборовите на студентот муслиман и набрзина ја запишаа адресата.

 

СС: "Ајде да се вратиме на доктрината за еволуција која ја негуваат и ја одгледуваат свештениците, викари на псевдо-науката низ целиот свет. Позади сите нивни доктрини стои концептот на `природна селекција`.Ова значи дека оние видови на створенија кои се прилагодени на промените во животната средина преку морфолошката и физиолошката промена, оние промени кои потоа се пренесуваат до идните генерации, овозможувајќи им да си преживеат, доколку оние видови на створенија кои не се прилагодени, изумират и исчезнуваат. Да дадеме еден класичен пример, тоа се диносаурусите, кои не можеле да се натпреваруваат со помалите, поагилни животни кои се чудесно `еволуирани`, што следи дека поголемите животни по тело и побавните по движење изумрираат, додека помалите животни по тело и побрзите по движење преживеат. Исто така, во текот на еволуцијата тоа што било веќе безкористно исчезнало , како што се опашките и канџите; а тие биле изменети со видови створенија кои се без опашки, и кои имат раце со кои би можеле да дофатат и држат ствари, и како конечен резултат од сето тоа да биде `човек`. А вие се сложувате со оваа доктрина, нели, професоре?"

 

Кутриот професор не е сигурен што да прави, дали да се повлечеме и да не дискутира или да продолжи, затоа што не се знае, од кој агол ќе му дојде следниот напад!

 

СС: "Ајде, ајде, професоре! Ова е камен темелник на доктрината за еволуција со која вие свештениците сте вршеле перење на мозок на невнимателната маса на луѓето. Ајде да ги споредиме оваа псевдо-наука со вистинската наука. Професоре, дали некој научник некогаш има произведено некои нови видови на живи створенија во својата лабораторија, да ги има во контрола и да има можност во изменување на животната средина? Запомнете, науката само што може да ги прифати материјалните доктрини како такви, доколку тие се репродукциони."

 

П: [Нема одговор.]

 

СС: "Се разбира дека не, иако се прават доволно обиди во таа насока! Ајде да одиме еден чекор понатаму: Знаеме дека евреите ги обрежуваат (сунетисуваат) своите машки деца потомци наскоро по раѓањето. Исто така, знаеме дека обрежувањето го практикувале во непрекинат синџир, од колено до колено, уште од времето на Авраам (Божји мир да е врз него). Како резултат на тоа, можеме да кажеме дека одредени видови на болести се промениле. Секое машко дете со наследено стремење кон крварењето би умрело од крварење и оваа болест не би се пренесело на следната генерација. Дали се согласувате , професоре?"

 

Професорот закима со главата со нетрпение како знак за согласување, мислејќи дека станува збор за точка која е во негова корист.

 

СС: "Тогаш, кажете ни, професоре, по илјадници години на обрежувањето на сите машки деца, зошто еврејските деца не се раѓаат без  краекожие (кожичка која се вади при обрежување)? Дури и ако целото краекожие не се губи, тогаш според доктрината на `природна селекција` нагласена од вашите свештеници, би требало да има некои знаци со кои таа кожичка станува сè помала! Зарем не се согласувате со тоа, професоре?"

 

Кутриот професор само си загледа напред безучастно, не знаејќи тоа што го погоди!

 

СС: "Професоре, дали имате деца?"

 

Некако се олесна во промена на темата, така што професорот се обидува да врати нешто од својата претходна доверба. П: "Да. Имам две машки и едно женско."

 

Професорот дури и успева да се насмевне кога тој ги спомнува своите деца.

 

СС: "Професоре, дали сте им давале да дојат, кога тие биле бебиња?"

 

Малку се изненадува од ова очигледно смешно прашање, професорот се вознемирува.

 

П: "Што глупаво прашање! Се разбира, јас не сум го сторил тоа! Мојата сопруга им давала да дојат."

 

СС: "Професоре, дали било кога свештениците атеисти откриеле било која машка особа кој им дава да дојат на бебињата?"

 

П: "Повторно глупаво прашање. Само жените им дават да дојат на бебињата."

 

СС: "Професоре, без да се соблекувате, јас сум сигурен дека имате две брадавици, исто како и сите други мажи. Зошто не се овие исчезнати поради излишност и непотребност? Според доктрината на `природна селекција`, се сметат како бескорисни ставки како што се брадавиците кај мажите, од тоа следи дека треба да се исчезнати кај сите машки особи, затоа што поминале илјадници - ако не и милиони – години! Професоре мој."

 

Студентот муслиман цело време зборувал нежно, тој не му викна ниеднаш и не го наметнувал и не го уфрлил  своето лице во лицето на професорот, СС: "Сигурен сум дека, врз основа на соодветен научен аргумент - а не врз основа на псевдо-науката - ќе се согласите дека доктрината за еволуција е само еден голем товар од ѓубре."

 

Лицето на професорот ги менува неколку бои и сè што тој може да направи е да мрмори со нејасен говор, од ненадежта и немоќта за да му помага на себеси.

Студентот муслиман се свртува кон присутните студенти во училницата и им се обраќа на нив со една мала насмевка стиснајќи ги усните. СС: "Всушност, некои може да оди подалеку и да констатира дека секој кој верува дека го има потеклото од приматите, мора да биде мајмун (па да стане човек)!"

 

Тоа траело неколку моменти со студентите во училница за да сватат играта на зборови (каламбурот) кој се случил во изјавата и тврдењето на студентот муслиман, но штом тие ја сватат целта, рикнуваат и бучаат од смеење.

Кога студентите престанале од смеењето студентот муслиман продолжува. Свртувајќи се кон професорот, тој вели, СС: "Има толку многу слаби точки во доктрината за еволуција така што излегува во виделина како да истекло низ сито. Сепак, времето поминува. Морам да брзам за во џамија наскоро за да ја вршам молитвата (намазот), па затоа не ќе се занимаваме и не ќе се справиме со сите митови сега за сега. Ајде да продолжиме да поразговараме за темата на моралноста што ја покренавте малку понапред. Но, пред тоа, ајде да погледнеме на точката каде што зборувавте за вашиот брат кој умре од рак. Ако сте тажни затоа што умрел, тогаш вие сте апсолутно глупави и смешни. Затоа што човечките суштества, како и сите живи материи, сигурно дека ќе умираат, со фактот дека се верува тоа од страна на сите луѓе, без оглед на тоа дали тие веруваат во Бог или не, и навистина никој не може да се спротивстави на смртниот процес. Меѓутоа, не можете да бидете толку наивни за да се спротивставите на процесот на болеста – било да е тоа рак или некоја друга болест, или пак разни несреќни случаи, итн. – како прелудиум (предзнак) во смртноит процес. Вашиот приговор поаѓа од вашата погрешна претстава дека `милосрдноста, добрината` е да се ослободиш од страдање, додека со предизвикување на страдање стануваш `суров`. Ако ова било така, тогаш, професоре, немате друг избор освен да се согласите дека најсуровите луѓе во светот се медицинските истражувачки научници кои користат животни за сите нивни страшни експерименти. Сигурно мора да се сосема свесни дека илјадници и илјадници животни се измачени во различни начини и ги држат милиони пати да чуствуваат болките на смртта (агонии), сето тоа за да се докаже или да пропадне некои од одредените научни и медицински тврдења? Зарем не се сурови овие експериментатори? Сеуште си со мене, професоре?"

 

Професорот изгледа доста лошо. Студентот муслиман оди покрај него и му дава да се напие малку вода.

 

СС: "Професоре, јас ќе ве прашам уште едно едноставно прашање. Вие знаете очигледно дека испитите -. тестовите, кои им се даваат на студентите се со цел за тие да поминуваат и да се унапредуваат во следното учебно одделение, нели?"

 

Професорот единствено само кимна со главата во знак на согласност.

 

СС: "Студентот треба да поминува низ одредени жртвувања, па дури и да живее далеку од својот дом, за да присуствува на универзитет или колеџ; тој мора да си ги ускратува сите домашни удобности; тој е потполно зафатен со работа; тој мора да се откаже од слободното време и спиењето за да се спрема за испитите; а потоа тој се соочува со многу тешки прашања на кои треба да им одговори во испит; истотака тој може да биде измачен во усмениот испит - и тој пак мора да плати на институцијата за тоа што го ставиле да поминува низ овој маченички процес! Зарем не го сметате сето ова да е суровост? Дали професорот е `добар` човек, покрај сите ментални и физички страдања што му нанесува на студентот низ кои мора да поминува?"

 

П: "Јас не ја разбирам твојата цел. Се разбира, институцијата и професорот му вршат услуга на студентот водејќи го низ обучни процес, со цел да биде квалификуван во својата соодветна област. Само најкратковидниот човек ќе се спротивставеше на студентската дејност, во која мора да се положи испити без оглед на маките и жртвувањата кои треба да се доживеат."

 

Студентот муслиман тажно ја ниша главата. СС: "Професоре, ме зачудува фактот како можете да ја разберете потребата за тестови и испити, кога треба вие да ги поставите нив, но не можете да ја видите истата мудрост кога Бог им поставува тестови и испити на Своите створенија. Земете го случајот со вашиот брат - ако тој издржал тестот (искушението) на својата болест и тој умре со вера-верување, она што ние го познаваме со поимот `Иман` - тој ќе биде изобилно награден во Рајот (Џеннетот) за страдањата со кои ги доживеел тука (во овој свет). Толку многу цврсто верување има што тој би сакал претрпе тоа истото искушение уште стопати повеќе, за да му биде неговата награда уште многу поголема, награда која никој ја нема видено и никој ум ја нема замислено! За жал, `само најкратковидниот човек" – и тој неукиот - би можеле да се спротивставуваат на тестовите кои се ставени од страна на Бога за Неговите створенија, имајќи на ум вечните награди кои ги очекуваат оние кои се успешни".

 

П: "Рај? Хух! Дали си го видел Рајот, си го допрел, си го мирисал, си го вкусил, или си му го слушнал гласот? Според правилата на емпиричкиот протокол, протоколот за можноста на нешто да се потврди и да се докажа, науката вели дека вашиот Рај не постои."

 

СС: "Ќе дојдеме истотака и до таа точка, со Божја волја. Ајде сега да продолжиме. Кажи ми, професоре, постои ли топлина?"

 

Професорот се опорави некако и почна да се чувствува посигурен. П: "Да, има топлина."

 

СС: "Дали постои студенина?"

 

П: "Да, истотака има и студенина."

 

СС: "Не, господине, нема!"

 

Професорот само си зјапа безучастно. Студентот објаснува, СС: "Можете да имате многу топлина, па дури и повеќе топлина, супер-топлина, мега-топлина, бела топлина, или - на спротивниот пол - малку топлина, или без топлина, но не можеме да имаме нешто се нарекува `студенина`. Може да достигне температурата 458 степени под нула, што нема топлина, но не можеме да одиме подалеку од тоа. Не постои нешто што е `ладно`, во спротивно ќе имавме во можност да го достигне температура пониска од 458 степени под нулата. Гледате, господине, `студенина` е само збор кој го користиме за да опишуваме отсуството на топлината. Ние не можеме да ја измериме студенината. Топлината може да се мери со термални единици, затоа што топлината е енергија. Студенината не е спротивното од топлината, туку само што опишува отсуството на топлината."

 

Владее тишина. Една игла паѓа негде во училницата. Студентот муслиман продолжува. СС: "Дали постои темнина, професоре?"

 

П: "Тоа е глупаво прашање, синко. Што е ноќта ако не постои темнината? Што постигнуваш од тоа...?"

 

СС: "Значи, велите дека постои темнината?"

 

П: "Да..."

 

СС: "Повторно погрешивте, господине! Темнината не е ентитет (битие кое постои) - тоа само што покажува отсуството на еден ентитет, т.е. отсуството на светлината. Некој можда има слаба светлина, нормална светлина, јасна светлина, трепкава светлина. Ако некој постојано нема светлина тогаш нема ништо, а тоа е наречена темнина, зар не? Тоа е значењето кое го користиме за да го дефинираме зборот. Во реалност, темнината не постои. Ако постоеше, некој ќе имаше можност да ја создаде темнината на позитивен начин и да ја направи темнината потемна и да ја добива во некој сад. Можете ли да ја пополните теглата со потемна темнина за мене, професоре?"

 

П: "Ако не ти пречи да ни кажеш нас што ти е поентата, момче?"

 

СС: "Да, професоре. Поентата што сакав да ја објаснам овде е дека вашата филозофска основа има недостатоци, уште од самиот почеток, така што следи дека вашиот заклучок мора да биде погрешен. Вие не сте научни, туку псевдо-научни!"

 

Професорот се чуствува како да е отруен. П: "Има недостатоци ...? Како се осмелуваш ...!"

 

Студентот муслиман се однесува многу ладно и смирено, и зборува нежно, како према едно мало дете. СС: "Господине, дали можам да ви објаснам тоа што сакав да ви кажам?"

 

Студентите во училницата со нетрпение кимнаа со главите. Тие се претворија на уши од големото внимание. Професорот нема друга алтернатива освен да се сложи. П: "Објасни ... ајде, дај објасни на нас ..."

 

Рамнодушно мавта со раката, со восхитувачки напор се обидува да ја поврати контролата. Одеднаш тој покажува љубезност од себеси. Училницата е тивка, во надежно очекување.

 

СС: "Ти зафатен за основата на двојноста," студентот муслиман продолжува да објаснува: "На пример, во почеток има живот а потоа има смрт, два различни ентитети; добар Бог и лош Бог. Вие го гледате концептот за Бога како ограничен ентитет, ентитет кој може да се измери. Господине, науката дури не може да објасни што е `мисла-идеја`. Го користи електрицитетот и магнетизмот, но никогаш не ги има видено како личат, а уште помалку да може да ги разбере нив. За да ја видите смртта како спротивна страна од животот значи да не се зема во предвид фактот дека смртта не може да постои како суштински ентитет. Смртта не е спротивното од животот, но само што е отсуство на животот."

 

Момчето држи еден весник кој го зеде од клупата на еден студент. СС: "Ете тука е еден од најодвратните таблоиди на гостилничарите на оваа земја, професоре. Дали постои неморалноста?"

 

П: "Се разбира, постои. Сега види..."

 

СС: "Пак погрешно, господине. Видите, неморалноста е само отсуство на моралноста. Дали постои такво нешто што е неправда? Не, господине. Неправдата е отсуството на правдата. Дали постои такво нешто што е зло?" Студентот муслиман си запира за миг. "Зарем не е злото отсуството на доброто?"

 

Лицето на професорот се претвори во алармантна боја. Тој е многу налутен, затоа што привремено остана без збор.

Студентот муслиман продолжува. СС: "Ако постои злото во овој свет, професоре - и ние сите се согласуваме дека постои – тогаш Бог мора да ја завршува некоја работа преку помошта на злото. Што е тоа работа која Бог ја завршува?  Во Сура Ел-Енбија, ајет 35 на Благородниот Кур`ан, Господ вели:

 

``Секој човек ќе ја вкуси смртта. Ние ќе ве испробаме и со добро и со зло искушение. И нам ќе ни се вратите!``

 

Исламот ни го кажува тоа за да си видиме ако секој од нас ќе го избере доброто а не злото.

Во врска со вашите прашања за Сатана: Од каде доаѓа Сатана? Дали Бог го создал Сатана? Се споменува во Благородниот Кур`ан дека ѓаволот не станал демон (лоша, проколнета душа),се додека тој одбил Божјата заповед и станал непријател на човекот. Во Сура Ибрахим, ајет 22 на Благородниот Кур`ан, Господ вели:

 

``И бидејќи работата ќе биде решена, Шејтанот ќе рече: `Да, Аллах ви вети ветување вистинско, а јас ветувањето мое го изневерив. Немав никаква власт над вас, но само што ве повикав вие ми се оѕвавте. Па, не грдете ме, грдете се самите себеси. Јас не сум ваш поддржник, а и вие не сте мои поддржници. Јас, навистина, не верувам во она што ми го припишувавте порано. За зулумќарите, секако, има казна болна!```

 

Професорот воздржано ја крева главата. П: "Како филозофски научник, јас не гледам оваа тема да има нешто заеднично и нема никаква врска со било кој избор; како реалист, јас апсолутно не го признавам концептот за Бога или за било кој друг теолошки фактор како дел од светското равенство, бидејќи Бог не е видлив."

 

П: "Јас би помислил дека отсуството на моралниот кодекс на Бога е веројатно една од најпознатите забележливи феномени кои се случуваат" му одговара студентот муслиман.

 

СС: "Весниците заработуваат со милијарди долари за тоа што известуваат за овие феномени секоја недела. Професоре, се обидовте да ја ставите вината на злото што се случува во овој свет од страна на лошите луѓе над грбот на Бога – во кого вие не верувате – која е очигледна и јасна контрадикција. Сепак, ајде да анализираме навистина кој е одговорен за ширењето на злото – оние кои веруваат во Бог, или оние кои не веруваат? Една од основните верувања е дека муслиманот верува дека ќе биде оживуван (воскреснат) на Судноит Ден и ќе одговара за своите дела во овој свет. За секое добро дело што го направил тој ќе биде награден, а за секое зло дело што го направил тој ќе биде одговорен. Секој-а муслиман/муслиманка мора да верува дека тој/таа е одговорен-на за неговите/нејзините дејствија и дека никој друг не ќе го носи неговиот/нејзиниот товар на гревот на Судниот Ден. Концептот на Рајот е награда за верниците и дека пеколот ќе биде дом на неверниците и безбожниците (атеистите). Исто така едно основно верување е верувањето дека дури и муслиманите кои направиле зло ќе бидат казнети за нивните злодела. Професор, овие концепти ги спречиле безбројно милиони муслимани од извршување на злодела. Ние сите знаеме дека казната е силна пречка за вршење на кривични дела. Без овој концепт не би можеле да ги водиме нашите животни врски и дејности; што значи дека паричните казни, казните за кривични дела, затворските казни се дел од секој цивилизиран систем. Од друга страна ги имаме свештениците на атеизмот кои не веруваат во овие концепти, кога се спомнати во врска со моралните теми. За нив не постои Суден Ден, нема одговорност, нема награда, нема казна. Пораката до масите на луѓе е сосема јасна, која гласи: `ако можеш да се извлечеш во дејноста без да ти се случи нешто, тогаш си така како што треба. Немаш од што и за што да се грижиш`. Исто така, гледајќи во нивните тврдења и изјави, ќе приметиме дека тие утврдуваат дека не постои нешто како што е `грев` - доколку `грев` во нашиот контекст на поимот значи секое дејство која е против законите на Бога – секој поединец е слободен да направи сешто посакува и нема некоја дејност кое може да се означува како `погрешно`. Дозволете ми да го изразиме тоа на овој начин: свештениците атеисти тврдат дека Бог не постои. Ако Тој не постои, тогаш тој не може да воспоставува никакви правила дали е тоа правилно или погрешно – на овој начин не може да има грев, со потполна смисла на зборот `грев`. А зборот `грев` значи секоја дејност која е против тоа што пожелува Бог. Значи, човекот е слободен да ги сочинува своите правила, својот код на `моралот`. Со тоа што мажите им нудаат `брак` на мажите, исто и жените им нудаат `брак` на жените; која што доведува до ширење на СИДА и други болести, се е во ред; не постои никаков грев во прељубата и блудот, се додека оние кои се вклучени во тој чин се `возрасни и се согласуваат меѓу себе`; во согласност со логиката на атеистите, дури и инцестот не би било грев, ако двете страни се `согласни и возрасни`, со оглед на тоа дека инцестот е грев врз основа на законот за моралност која е заснована од религијата. Меѓутоа, професорот категорично истакна дека `апсолутно не го признава концептот на Бога или било кој друг теолошки фактор како дел од световниот животен фактор`; да се убијат бебињата во нивните мајчини утроби е добро дело - тоа е применување и исполнување на `правата` кои ги има жената, и така натаму. Листата на `правилата`, која е донесена од страна на атеистите, свештеници на социјалните псевдо-научници е бесконечна. Врвот на интелектуалната нечесност е да му фрлете вината на Бога за ширењето на овој неморал и нечистотијата! Ајде да бидеме научни во текот на барање на решение за целата тема, професоре. Земете една група на луѓе кои се уверени на Бога - кои веруваат во Него како што треба да се верува - и земете друга група на луѓе кои се следбеници на вашето атеистичко кредо. Дадете објективна проценка, кој од двете групи шири зло. Не сакам сам да се приклучам во одговорот на оваа точка, но сакам да кажам дека секој објективен набљудувач веднаш ќе види дека групата на луѓе кои се уверени на Бога, кои луѓе ги користат законите на Семоќниот Бог како кодекс на моралот во нивниот живот, всушност, се оние кои шираат добрина, милосрдност; додека оние кои сами си составаат нивни правила на `релативниот морал`, всушност, се оние кои шираат злочинство ширум светот."

 

Студентот муслиман запира малку со цел да ги сфатат овие важни забелешки присутните студенти во училницата. Очите на студентите во училницата светнуваат затоа што имаат прилика да ги разгледаат овие теми во појасна слика. Никој досега не им објаснил за овие битни теми, израснале на жестоки напади и критики кои избликнувале со текот на времето во јавноста од страна на средставата за масовно комуницирање.

 

СС: "Професоре, јас сум зачуден, но не и изненаден, во вашиот ненаучни став кон моралноста. Јас сум зачуден од тоа, што иако мислите дека човекот еволуирал од приматите, тој ипак нема да се однесува како животно! Истотака сум зачуден од тоа, што дури и покрај тоа што не верувате во ангели, очекувате човекот да се однесува солидно со својата сопствена волја, без помош на Божествениот морален кодекс. Една причината зошто не сум изненаден е тоа дека таквото ѓаволско збркано и заплеткано размислување секако дека се очекува да биде прогласено од страна на оние кои го следаат лажното кредо на атеизмот!"

 

Се чуе изненадно од училницата спонтано ракоплескање.

 

СС: "Ние веќе разговаравме за еволуцијата, професоре. Дали некогаш сте ја набљудувале еволуцијата со ваши сопствени очи, господине?"

 

Професорот прави еден тивок звук со своите заби и му фрли на студентот еден тивок и ладен поглед.

 

СС: "Професоре, бидејќи никој досега не го набљудувал процесот на еволуцијата при работа и дури не може да се докаже дека овој процес е еден тековен напор, зарем не предавате доктрина која истекува како во сито, и паѓа вредноста и има помалку заслуга испред било кои теолошки учења? Ова е псевдо-наука, а не наука, како и неговите поддржувачи и повикувачи не се ништо друго освен неговите неуки свештеници!"

 

Лицето на професорот се претвори на сина боја. П: "Каква дрскост!" Тој тешко дише, издува од устата и исчекорува горе и долу испред училницата, конечно успева да размисли како да ја врати повторно некако својата контрола.

 

П: "Во име на нашата филозофска дискусија, јас ќе ти пропуштам и ќе ти простувам за твоето дрскост, сине. Сега, дали си заврши се што имаше да кажеш?"

 

Зборовите излегуваат како шиштење.

 

СС: "Господине, зарем не го прифаќате Божјиот морален кодекс за да направи она што е праведно и правично?"

 

П: "Јас верувам во тоа што верувам – а тоа е науката."

 

СС: "Господине, со високо достоинство и почит кон вас, ви се извинувам, што ви кажувам дека тоа во што верувате не е наука, но псевдо-наука – и таа ваша псевдо-наука е полна со недостатоци!"

 

П: "Псевдо-наука ...? Полна со недостатоци ...?" Професорот изгледа како да бил погоден со некој тежок напад.

 

Училницата е во голема узбуна. Студентот муслиман стои ладно и смирено, се обидува да ја врати меката насмевка на своето лице.

Кога узбуната се смири, тој продолжи. СС: "Гледате, професоре, `вистинска наука` е таа наука која ги открива законите и ги дизајнира и изградува врз таа основа дека Создателот на универзумот го поставил во системот на функсионирање овој универзум, од мега до микро, од мерливите до немерливите. Псевдо-науката е атеистичка религија која се обидува да се спротивстави на овој концепт со фалсификати, манипулација на статистиките, полу-вистинити твдења, итн. Псевдо-науката постулира митска неименувана сила – го измислуваат како да е човечко откритије,  но тие мислаат за едно лажно божество – која предизвикало `Биг Бенг` (Големата експлозија) а потоа почнал процесот на еволуцијата, што е спротивно на она што всушност се случило. Свештениците на ова атеистичка религија се обидуваат да ги оправдаат глупостите со тоа што треба да се поддржуваат таквите лажности преку фалсификати, полу-вистинити тврдења и манипулирање на информации. Вистината мора да победи – вистината со логичен заклучок на секој човек, со било кој капацитет на логика ќе заклучи дека има еден Бог (Аллах) Кој е Создателот на целиот универзум. Тој го создал целокупниот систем преку кој целиот унивезум фуксионира правилно од памтивек. Да се ​​вратиме на таа точка која ја спомнавте претходно во разговорот со другиот студент, и јас ви ветив дека ќе го разгледаме тоа подоцна. Ќе ви дадам еден пример во кого секој може да се увери: Има ли некој во училницата кој го видел воздухот, кислородните молекули, атомите, мозокот на професорот?"

 

Студентите во училницата избувнаа од смеење.

 

СС: "Има ли некој овде кој негогаш досега го слушнал мозокот на професорот, го почувствувал, го помирисал или го вкусил?" Никој не вели ништо. Студентот муслиман жално ја ниша главата.

 

СС: "Ми се чини дека никој овде нема добиено било каква сетилна перцепција за мозокот на професорот. Па, според правилата кои се искажани од страна на самиот професорот, правилата на емпиричкиот, испитувачкиот, и доказливиот протокол на псевдо-науката во која повикува професорот, следувателно утврдувам и изјавувам дека професорот нема мозок!"

 

Професорот се свиткува во една столица. Студентите во училницата повторно спонтано ракоплекаат.

Студентот оди и го послужува професорот со малку вода. По кратко време тој се освестува и се повраќа во себе. Тој налутено загледа кон студентот. П: "Твоите навреди на ниеден начин не докажуваат постоењето на Бога."

 

Студентот муслиман му возврати. СС: "Професоре, јас сум навистина изненаден. Јас си помислив дека ќе го признавате поразот. Но, ми се чини дека сте ненаситени за казна."

 

Тој запира за миг, фрла поглед  кон училницата додека е многу замислен, а потоа и кон професорот. Со тешка воздишка повторно му се обраќа на професорот. СС: "Господине, имате ли родители - имате татко и мајка?"

 

П: "Уште едно друго од твоите глупави прашања. Јасно е дека сите ние имаме родители."

 

СС: "Бидете трпеливи, господине. Дали сте сигурни дека татко ви е вашиот татко и дека мајка ви е вашата мајка?"

 

Професорот станува побледен во лицето и збеснува од мака. П: "Тоа е абсурдно и неразумно! СЕ РАЗБИРА, татко ми е мојот татко и мајка ми е мојата мајка!" Се чуе како гласно вика во училницата.

 

Студентот муслиман си паузира. Паузата станува долга. Владее грозоморна и злокобна атмосфера наеднаш откако студентите седнаа на ивиците на столчињата. Со тивок контролиран глас, студентот муслиман вели, СС: "Докажете ми го тоа!"

 

Атмосферата е електрична. Професорот не е во состојба да го контролира себеси. Неговото лице се менува на пурпурна боја. П: "Како се осмелуваш!" Тој вика уште погласно и погласно, се мрдна со паметот. "Доволно веќе со твоите навреди ..! Излегувај од мојата училница ..! Ќе го известам ректорот за ова...!"

 

Студентите во училницата си седаат скаменени од овој изблик. Дали професорот тргнал за да се сложи или за да се скара?

Студентот муслиман стои во свое место, спокоен. Соочувајќи се со училницата, тој ја крева раката нагоре, со обид да ги убедува дека нема ништо за што да се загрижат. Потоа тој го сврти својот сочувствителен поглед кон професорот. Изгледа како да изпушта некоја сила од своите очи,  насочена кон професорот. Професорот не може да го задржи своето вкочането гледање. Неговиот зачуден поглед паѓа. Лутината му се смирува. Тој се бапнува во столот и ја држи главата во своите раце.

По неколку минути, студентот муслиман му зборува, многу нежно. СС: "Драги професоре, јас не имплицирам дека вашите родители не се ваши родители. Се тоа што јас се обидувам да истакнам е дека ниту вие, ниту јас, ниту било кој од нас во оваа училница не можеме да докажеме дали навистина нашите родители се наши родители или не."

 

Владее потполна тишина.

 

СС: "Причината е дека ние не сме биле присутни на сексуалниот однос помеѓу нашите родители, во времето кога сме се зачнале. Ние не сме биле тука за да идентификуваме чија сперма била тоа со која се оплодило јајце клетката во матката на нашите мајки. Го земаме зборот од нашите родители дека тие се нашите родители. Ние мислиме дека нашите родители се искрени и верни во тоа прашање. Ние не го ставаме во прашање нивната моралност и чесност. На ист начин, вашите деца ќе мора да го земат вашиот збор дека вие сте нивниот татко и дека нивната мајка е навистина нивна мајка . Зарем тоа не е така, професоре?"

 

Професорот ја подигнува главата. Го подигнува погледот и гледа кон студентот муслиман. Може да се види неговото лице разведрено како што се гледат некои работи му станаа јасни. Лутината ја нема. Многу полека тој повторува зборовите, П: "Земаме зборовите на нашите родители .. Земаме зборовите на нашите родители ..."

 

СС: "Да, господине .. ние мора да ги прифатиме зборовите на нашите родители, во многу случајеви во животот."

 

Сепак, професорот мисли дека му најде грешка на студентот во тоа како го образложи и го потврди. П: "Бидејќи има тестови за да се докаже татковството, како што е на пример тестот наречен ДНК."

 

СС: "Господине, повторно не сте во право за дедуктивниот начин на размислување. Да, има експерименти кои се вршат во лаборатории за да се процени коефициентот на семејното потекло. Но сепак, дали некој може да оди на лабораторија, да му се обрати на компетентното лице и да му каже: `Ти се преколнувам, молим те земај од мене неколку примероци од крвта .. и да ми кажеш кои се моите родители`. Не може да го потврдува тоа бидејќи лабораторијата не е во можност ништо друго освен што ДНК може да ги спореди примероците на родителите со тие на децата за да потврди дали родителите ја кажуваат вистината или не. Со други зборови, овие тестови не ти кажуват кои се твоите родители, но само што можат да го одбијат барањето на родителите во однос на тоа кога е во прашање потеклото и правото на татковство. А сето тоа е исто така само врз основа на `веројатност, можност`."

 

Студентот муслиман запира за момент и потоа продолжува со говорот. СС: "Па дури и во овој случај ние мора да го прифатиме зборот на компетентното лице во лабораторијата, и исто така треба да имаме некаков вид на доверба во овие случајеви за да ги прифатиме соодветните резултати на тестот. Си видовте, професоре. Има толку многу работи што ние треба да ги земаме од зборот на другите. Постоењето на воздухот, на кислородот, на молекулите, атомите, и така натаму. Значи, кога станува збор за нешта кои се метафизички, од нашите вистински научни истражувања знаеме дека немало луѓе кои постоеле во светот поискрени и поверни од оние кои се нарекуваат Вестоносци-Пророци (Rasool). Ние муслиманите сме подготвени да ги ризикуваме нашите животи врз основа на фактот дека Мухамед (Божји мир и благослов да биде врз него) има потполно совршен карактер. Тој никогаш не излажал никого. Неговиот интегритет и морал бил до тој степен што дури и неговите отворени непријатели го повика "Аl-Ameen" (верниот, чесниот). Ако тој рекол дека Бог (Аллах) постои - доколку ние сме подготвени да го прифатиме зборот на нашите родители дека тие се наши родители - тогаш, со потполна искреност и чесност, ние треба да го прифатиме неговиот збор за постоењето на Бога, како што ние мора да ги прифатиме уште многу други нешта како што се - постоењето на Рајот и Пеколот (Џеннет и Џехеннем); постоењето на ангелите; доаѓањето на Судниот Ден; денот на сметката испред Бога за нашите дела кои сме ги правиле во овој свет; и многу други концепти. Освен оваа точка, постојат многу други покажувачи за постоењето на Бог (Аллах). Последната објава која е `Благородниот Кур`ан` е дојден за секој за да го учи. Тој има одредени специфични предизвици за секој кој има било какви сомнежи. Овие предизвици не се исполнети во текот на четиринаесет векови на своето постоење. Ако некој не е подготвен да верува во таков Вестоносец-Пророк (Божји мир и благослов да биде врз него), тогаш тоа се смета чисто лицемерие, да се прифати зборот на научниците чии учења постојано се менуваат, па дури и да се верува во зборот на нашите родители. Судејќи според бројот на парници кои се одржуваат секоја година во нашите судови, каде што родителите негираат родителството на нивните потомци. Исто така, земајќи во предвид дека постојат безброј бебиња зачнати од непознати донатори на спермата, и фактот дека безброј деца се усвоени во раното детство, од парови кои немаат деца, ги одгледуваат и се грижат за нив како да се нивни деца, статистички има голема можност за еден висок степен на грешење во тврдењето на било која личност дека неговите / нејзините родители се навистина негови / нејзини биолошки родители."

 

Свртувајќи се кон училницата, студентот муслиман заклучува. СС: "Тоа е должност на секој поединец да научи повеќе за Исламот. `Благородниот Кур`ан` е дојден за да го учи секој поединец. Доста литература исто така е достапна за Исламот. Тоа е моја должност само да ве информирам дека единствена вистина е само Исламот.

 

``Во верата нема насилство зашто патот вистински јасно се одделува од беспаќето. Оној кој не верува во Тагут, а верува во Аллах веќе го дофатил најцврстото јаже во кое нема искинатина. Аллах е Слушач и Зналец!`` (Ел-Бекара, 256)

 

Откако ве информирав вас, исто така имам должност да ве поканувам за да се приклучите на муслиманското братство  со прегрнување на Исламот.

 

``Аллах е Заштитник на оние кои веруваат: од темнини во светлина ги изведува. А оние кои не веруваат – шејтаните за заштитници свои ги имаат: од светлина во темнини ги туркаат...`` (Ел-Бекара, 257)

 

Овие се стихови (ајети) од `Благородниот Кур`ан` - Зборовите на Семоќниот - кои ви ги цитирав на вас."

 

Студентот муслиман гледа во саатот. СС: "Драги професоре и почитувани студенти, ви благодарам затоа што ми дадовте можност да ви ги објаснам овие теми. Ви се молам со добродушност да ме извинете, морам да одам до џамија за моите молитви. Мир да биде врз оние кои се упатени во правиот пат."

 

За дополнително читање во врска со Исламот и распаѓањето на Атеизмот, ве молиме посетете ги овие сајтови: 

www.islamic-invitation.com

ВИДЕО: КАДЕ Е ЕВОЛУЦИЈАТА? НЕ СЕ ИЗЛАЖУВАЈТЕ

 
All copyrights©2006 Islamic-Invitation.com
See the Copyrights Fatwa